Сѐ што е гага има крај

February 1, 2023
1 min read

Тогаш менаџментот на Мета решава да го укине бесплатното перење алишта, и да направи рокада по која вработените во основа можеа да бираат дали сакаат бесплатен превоз или бесплатно јадење за дома. Вработените се побунија.

„Смешно е да се види како добро платени вработени се жалат што не им даваат бесплатна храна. Дел од нив имаа изнајмено станови во скапи делови од Менхетен бидејќи вечерата им беше решена на работа – па не беа среќни,“ објаснува еден од вработените на Мета во Њујорк.

Примерот со бенефициите што ги добиваат вработените на Мета во Њујорк не ни екстремен, ни некаков раритет во технолошката индустрија, туку се работи и за многу пристоен и просечен пакет.

„Проблемот со технолошките компании е што сакаат нивните мегаѕвезди да бидат среќни па тие се навикнаа ним да им бидат понудени овие неверојатно пакети.

Тоа влијае на војната по вработени: компаниите кои ги нудат најдобрите пакети ги задржуваат најдобрите таленти,“ објаснува професорката од Лондонската школа за економија, Грејс Лордан.

Сите овие бенефиции што фрчеа околу вработените во технолошките компании имаа цел да ги држат вработените што е можно подолго во текот на денот на работа, и тоа да го искористат за да пробаат да направат врска меѓу вработените кои и во своето слободно време меѓусебно неофицијално би разменувале идеи и решенија на проблеми.

„Голем дел од елементите од кои се составени креативните идеи и успешната соработка се јавуваат не за време на формални состаноци, туку за време на неформални средби, пример во кафетерија или на теренот за одбојка.

Ако твојата канцеларија изгледа како ол-инклузив ресорт од пет ѕвезди, многу е поверојатно дека твоите вработени ќе бидат горди дека работат таму, ќе ја вдишуваат културата, ќе имаат чувство на припадност, и ќе минуваат повеќе време во канцеларија.

Внесувањето на аспектите на не-работна средина на работното место го бетонира сфаќањето дека работата е интегрален дел од твојот живот, вклучително и твоето време за одморање и забавување,“ објаснува професорот по бизнис психологија во Лондонскиот универзитетски колеџ, Томас Чаморо-Премузич.

Првите проблеми на оваа стратегија ги прави пандемијата, која заради работењето од дома или хибридниот режим го прекина влијанието на канцелариските бенефити. Како што вработените во тоа време помалку се очекувани во канцеларија, така компаниите се чувствуваат помалку поттикнати да го подобруваат работното искуство.

Како што технолошките компании изминативе неколку месеци се дадоа на масовни отпуштања без преседан до сега, така се очекува дека неизбежно ќе биде и кратењето или целосното укинување на бенефитите.

Иако сметководствено ваквото кратење има логика, процената е дека тоа ќе влијае на луѓето што ќе останат.

„Може да и наштети на довербата, покажувајќи дека поволностите што беа давани не се понудени безусловно, туку за да се принудат луѓето да работат.

Дури и ако економските услови се влошат, компаниите ризикуваат дека ја изгубат војната за нови вработени ако одеднаш ја покажат својата груба страна која ќе се толкува дека тие не биле културолошкиот рај како што сакале да се прикажат,“ објаснува Чаморо-Премузич.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Град Скопје ја продолжи соработката со Сојузот на здруженија на пензионери и Сојузот на борци

Следно

Алтернатива вечерва ќе пресече – останува или си оди од Владата при евентуален влез на Алијансата за Албанците

Latest from Blog

Роналдо прво промаши пенал, ама потоа го постигна еден од најубавите голови во кариерата! (ВИДЕО)

ФОТО: FC Al-Nasr/FB Кристијано Роналдо уште еднаш покажа, и покрај возраста дека е екстра класа. Имено вечерва Португалецот го постигна веројатно еден од најубавите голови во својата кариера. Уф, каков гол? Фантастичен,

Во мојот град, повеќе не можеш да носиш саат на раката за да не ти го украдат, ниту да извадиш мобилен телефон.

Зошто англичаните бегаат од Англија. Се почесто, и се помлади. Некогаш пензионерите заминуваа во ефтини куќи во Бугарија или Кипар, тие со малку поголеми пензии во Португалија или Малта… Но, времињата се

Крвна одмазда на Косово: Истрча од гаража со два калашникова и изрешета џип во движење (ВИДЕО)

Двајца мажи беа застрелани по што полицијата го уапси напаѓачот кој не се спротивстави. Организацијата од Косово  „Заклетва за правда“ објави видео од нападот, на кое се гледа како маж во долга јакна
Go toTop