Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

October 2, 2026
1 min read

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот рударство и вадење камен е намален за 8% во споредба со август 2025 година, додека производството во истиот период бележи пад од 10,1%.

Негативните движења во рударството се одразуваат и врз вкупните индустриски показатели. Индустриското производство во земјава во август 2026 година е намалено за 1,9% на годишно ниво, а бројот на работници во индустријата е намален за 3%.

Во услови на намалена активност на секторот, научната студија „Анализа на индустријата за критични суровини во Северна Македонија“ ги издвојува можностите што ги нудат напредните рударски проекти. Меѓу нив е и Иловица–Штука, кој авторите го вбројуваат меѓу напредните проекти во земјава.

Анализата, изработена од универзитетските професори Драги Пелтечки, Горан Јованов и Стојанче Мијалковски, наведува дека земјава располага со активни рудници во Саса, Злетово, Тораница, Бучим и Боров Дол, како и со комплексот за фероникел во Кавадарци. Покрај нив, постојат и проекти што би можеле да го прошират производствениот капацитет на рударската индустрија.

Според студијата, бакарот има значајно место во минералната економија на Македонија, а неговото вклучување во Листата на критични минерали на Европската Унија создава нови можности, но и дополнителни барања за земјите што располагаат со вакви ресурси.

Авторите истакнуваат дека развојот на рударските проекти во земјите од Западен Балкан е поврзан со повеќе предизвици. Меѓу нив се административната неизвесност за инвеститорите, недовербата на локалното население и потребата од повисоки стандарди во управувањето и заштитата на животната средина.

Во меѓувреме, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини разгледува иницијатива за подготовка на Програма за истражување на критичните минерални суровини. На координативниот состанок со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод била нагласена важноста од вклучување на научните и стручните институции во утврдувањето на приоритетите за истражување.

Податоците за производството и вработеноста го покажуваат актуелниот пад во рударството, додека научната анализа и институционалните иницијативи го отвораат прашањето за идниот развој на секторот и искористувањето на расположливите минерални ресурси.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкотска ќе ја бодрат 3.200 навивачи, македонските фанови со намален интерес!

Следно

53.4% e grave me kancer gjiri u diagnostikuan në fazën e parë dhe të dytë, Haxhiu dhe Vitia me mesazh për gratë: Mos i shtyni kontrollet

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop