Руте: Чесно е сојузниците да трошат за одбраната, исто колку и САД

June 25, 2025
1 min read

За мене е апсолутно јасно дека САД се целосно посветени на НАТО и на член 5 од Договорот за Алијансата, на сепак имаат очекувања дека Канаѓаните и Европејците ќе ги зголемат своите трошоци за одбраната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО при пристигнувањето на Самиот на Пактот во Хаг. 

– Чесно е да трошиме, исто колку што трошат и САД, рече Руте, додавајќи дека сојузниците треба да се осигурат дека ќе можат да се одбранат „од Русите и другите“. 

Тој потенцира дека во услови на долгорочна закана од Русија, масовното зголемување на кинескиот воен потенцијал и поддршката на Кина, Северна Кореја и Иран на руските воени напори во Украина, навистина е важно членките на НАТО да трошат повеќе за одбраната. 

– Тоа ќе биде главната агенда денес – нов план кога станува збор за трошоците и за зајакнување на одбранбеното индустриско производство, рече Руте. 

Тој нагласи дека одбранбената индустрија мора да произведува повеќе, во услови кога во НАТО има фантастични компании, но потребно е вложување за да се осигура производство на доволно муниција и на сите други потреби.  

– Секако, ова се тешки одлуки, да бидеме искрени. Мислам дека политичарите мора да донесат одлуки и тоа не е лесно, додаде генералниот секретар на НАТО. 

Руте потенцира дека многу членки на НАТО кои најавуваа дека ќе го достигнат сегашното ниво на трошоци за одбраната од два отсто од БДП до 2030 година, сега се обврзале да го направат тоа уште во текот на оваа година   

– Тоа секако не е лесно. Земјите мора да најдат пари. Потребни се политички одлуки и целосно го разбирам тоа. Но, во исто време имам апсолутно убедување дека со моите колеги на масата, со заканата од Русија и со актуелната меѓународна безбедносна ситуација, немаме алтернатива и мораме да го направиме тоа, потенцира Руте. 

Тој додаде дека на Самитот ќе стане збор и за осигурувањето долгорочна поддршка за Украина за да може да се брани, но и да може да дојде до траен мир. 

– Така, ова ќе биде трансформациски самит и со нетрпение го очекувам, истакна Руте. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот ги прогласи за виновни Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче

Следно

Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија

Latest from Blog

МОРНАР ТРЧАЛ ПО ПАЛУБАТА и случајно ја открил локацијата на француски носач на авиони

Локацијата на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ беше откриена речиси во реално време откако еден морнар го сними своето трчање на палубата користејќи го популарниот фитнес тракер „Страва“. Безбедносниот пропуст

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во
Go toTop