Рустеми вели дека автопатот Кичево-Охрид не може да биде готов до Нова година

November 12, 2023
3 mins read

Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми, во интервју за емисијата „Код“ на Телма рече дека мостовите се завршени, но големи проблеми им створиле свлечиштата кои се 11 на број и следно што треба да се направи е да се најде решение за нивна санација

Прашан за тоа дали чувствува одговорност што овој проект и годинава нема да го види светлото на денот, Рустеми вели дека тој бил еден од првите кои рекле дека ова е типичен пример за тоа како не треба да се влезе во реализација на ваков проект бидејќи од самиот почеток биле промашени траси, немало пристапни патишта ниту клучки

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми, вели дека проблемите настанале уште со првото проектирање на патот, односно проблем настанал со косините кои не биле проектирани како што треба, па затоа во 2018 година проектот морал да претрпи промени. Дополнителен проблем е тоа што државата не го завршила целосно процесот на експропријација навремено.

„Ние влеговме во експропријација на земјиштето до новите граници, каде што се појавија свлечиштата. Потоа требаше ново проектирање и стабилизирање на косините. За жал, можно е и по третпат да се влезе во експропријација“,

рече Рустеми.

Тој кажа дека сите мостови се направени, но проблемот настанал со појавувањето на 11 свлечишта за кои треба да се направи анализа и документација за стабилизација на земјиштето. Иако премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт Благој Бочварски минатата година оптимистички изјавуваа дека автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба од 1 јануари 2024 г., кога истекува финалниот рок, сепак, сега Рустеми вели дека ваква опција не е можна. За разлика од Ковачевски, кој неодамна кажа дека ќе се разгледа и опцијата да се раскине договорот со „Синохидро“, Рустеми вели треба да се зборува за негово продолжување.

„Не зборуваме за раскинување, туку за негово продолжување. Треба да имаме техничко решение за стабилизирање на сите косини и свлечишта. Ангажиравме и ФИДИК-експерт кој ќе направи целосна анализа на договорот со сите последици. Потоа Владата и Собранието ќе одлучат како ќе продолжиме со проектот по Нова година“,

изјави Рустеми.

Тој нагласи и дека експропријацијата за луѓето низ чиј имот поминува оваа траса не е готова, но дека тоа не претставува проблем за да се изведуваат градежни работи на најголемиот дел од автопатот.

Претходно Ковачевски рече дека досега потрошените 600 милиони евра за изградбата на автопатот нема да одат во неврат, затоа што добар дел од патот, или некаде над 75 проценти, е изграден, меѓутоа, како што додаде, проблем се проектирањето и репроектирање кои не биле направени на квалитетен начин поради што изградбата трае веќе 10 години.

Ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во однос на финансиските и процедурални аспекти на капитални проекти, кои се во тек, и ангажирањето експерт од ФИДИК (Меѓународен стандард за реализација на меѓународни договори), според Ковачевски, треба да дадат одговор на прашањето дали кинескиот изведувач и ангажираните подизведувачи се во состојба да го изградат автопатот.

Во овој момент неговото довршување го оневозможуваат новите 11 свлечишта кои во последниот период се појавиле на делницата.

„Од таа страна тоа е нешто што ќе мора да се исправи, меѓутоа од друга страна се поставува едно многу важно прашање. Дали тој изведувач и неговите подизведувачи коишто ги ангажирал после 10 години се во состојба да изградат вакво автопатско решение. И второ, самите проектантски куќи коишто имаат лиценци за да проектираат вакви големи инфраструктурни проекти тоа го направиле на начин на којшто треба да биде направено и што ќе овозможи брза, квалитетна и навремена изградба на автопатот. Ова се прашањата коишто треба да ги одговорат овие две анализи коишто се прават, коишто Министерството за транспорт и врски ќе треба да ги достави до Владата“,

рече Ковачевски.

Истовремено, додаде тој, анализите на ФИДИК-експертот ќе треба да кажат кои би биле ефектите доколку би се продолжило со истиот изведувач или би се прекинала соработката, односно дојде до раскинување на договорот.

„Во тој случај (на раскинување на договорот н.з.), постојат финансиски импликации коишто можат единствено да бидат дефинирани од страна на меѓународен арбитражен суд којшто е наведен во договорот (во Париз н.з.), кој е изгласан во Собранието и сите анекси се гласани во Собранието. Така што, врз основа на сите информации коишто ќе бидат прибрани, ќе биде предложена одлука до Собранието и на крај Собранието ќе го има финалниот збор, односно сите пратеници во истото бидејќи Собранието со закон ја задолжило Владата да работи на ова решение и на овој начин и со тој изведувач од Кина“,

рече Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првиот објавен извештај на ЕК за Македонија бил во 2000 година

Следно

Се очекува ли одвојување на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ на декемврискиот самит? Одговара Тилев

Latest from Blog

ДУИ за интерпелацијата на Даути: Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт

Од ДУИ велат дека парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

Собранието на Република Северна Македонија ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот

Aмбулантите полни со пациенти

После новогодишните празници, бројот на заболени од грип се зголемил за 47% односно пријавени се 331 случај. Најмногу заболени лица има во општина Дебар а најголем процент на заболени се бележи кај
Go toTop