Руските сили извршија напад – звук од експлозии низ Украина и во Киев

August 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија изврши голем напад врз неколку делови на Украина, вклучително и главниот град, користејќи беспилотни летала и стратегиски бомбардери, при што властите денес изјавија дека Киев се соочува со прекин на струја и поради тоа и со проблеми со снабдувањето со вода.

Звукот од експлозии одекнуваше низ цела Украина, вклучително и во Киев, а украинските воздухопловни сили известуваа за движење на голем број руски беспилотни летала низ повеќе региони, како и за активност на 11 стратегиски бомбардери Ту-22МС.

Низ целата земја беа издадени предупредувања за воздушен напад, а локалните власти и медиумите објавија дека експлозиите биле предизвикани од системи за противвоздушна одбрана што уништувале руски беспилотни летала.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на платформата Телеграм објави дека во неколку области на главниот град се забележани прекини на струја и дека поради тоа има прекини во снабдувањето со вода.

Во меѓувреме, гувернерот на Лавов, Максим Козицки, на Телеграм изјави дека Русија ги нападнала енергетските капацитети во регионот.

Украинските власти засега не соопштуваат никакви детали за жртвите или штетите предизвикани од рускиот напад.

Руските власти допрва треба да објават соопштение во врска со последниот напад врз Украина.

​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре попладне можни краткотрајни поројни дождови и грмежи

Следно

УХМР: Од утре попладне можни краткотрајни поројни дождови и грмежи

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop