Руските сили извршија исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, велат локалните власти

May 16, 2023
1 min read

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека остатоците од новиот руски напад запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански, во западниот дел на главниот град. Според него повредени се три лица

Руските сили рано утрово извршија, како што се наведува, исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, користејќи беспилотни летала и крстосувачки, а според некои извештаи, веројатно и балистички ракети, објавија властите на главниот град на Украина.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Станува збор за осми воздушен напад на Киев во текот на овој месец. 

 „Во однос на интензитетот, тој беше исклучителен – максимален број ракети во најкраток можен временски период“, 

објави на Телеграм шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Серхиј Попко.

Според прелиминарните информации, наведува тој, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев биле детектирани и уништени.   

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од новиот руски напад запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански, во западниот дел на главниот град. 

Според него, во нападот утринава биле повредени три лица.  

Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана одбиле напад со руски дрон јужно од градот Бориспил, кој се наоѓа југоисточно од Киев. 

Во Бориспил се наоѓа главниот комерцијален аеродром во Киев, кој беше затворен поради војната. 

Воената администрација на Киев наведува дека нема значителна штета во другите делови на градот, додека сè уште се собираат информации за евентуално повредени лица. 

Украинската служба за итни случаи објави фотографии од пожарникарите кои гаснат пожари низ Киев по нападот. 

Воздушниот напад на Киев доаѓа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на клучните западноевропски земји во обид да издејствува дополнителна воена помош за украинската армија за конфликтот со Русија и најавената офанзива. По Рим, Берлин и Париз, каде имаше средби со највисоките државни власти на овие земји, Зеленски вчера престојуваше во Велика Британија каде се сретна и разговараше со британскиот премиер Риши Сунак.

Британските власти објавија дека на Украина ќе ѝ испорачаат стотици нови беспилотни летала со долг дострел од над 200 километри. Сепак, како што изјави портпаролот на британскиот премиер на прес-конференција, испорака на воени авиони, што Украина ги бара, не се дел од најавената помош.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но…

Следно

Клоп: Ние сме во евро-куповите, а пред шест недели тие не беа ни видливи на хоризонтот

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop