Руски власти: Регистрирани напади со дронови во областите што граничат со Украина

June 2, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руските власти денес објавија дека синоќа имало повеќе напади со беспилотни летала во областите што граничат со Украина, јавува Анадолу.

Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит, изјави дека неколку украински беспилотни летала биле соборени во близина на градот Курск, административен центар на регионот.

Старовоит преку Телеграм ги повика граѓаните да останат смирени и да пријават сомнителни предмети, вклучително и летала.

Гувернерот на Смоленската Област, Василиј Анохин, изјави дека две беспилотни летала со долг дострел нападнале објекти на енергетската инфраструктура.

„Нема жртви, критична штета или пожари“, рече Анохин.

Москва наведува дека украинските вооружени сили, според наводите, извршиле серија напади врз пограничните региони на Русија во последните месеци, особено Брјанск и Белгород, кои биле цел на дронови и артилерија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масовното убиство во „Владислав Рибникар“

Следно

ВИДЕО: Лудница во Севиља, се слави седмата титула во Лига Европа

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop