Руски сенатор уапсен за нарачано убиство

August 3, 2024
1 min read

Сенатор од владејачката партија во Русија е уапсен по сомнение дека нарачал убиство, пренесе ДПА.

Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент во Москва, гласаше во корист на одземање на имунитетот на сенаторот Дмитриј Савелиев, соопшти вчера портпарол на парламентот. Тој беше уапсен веднаш откако го напушти состанокот, јави ТАСС.

Според руското обвинителство, во август минатата година високиот политичар нарачал платен убиец да убие бизнисмен. Заговорот бил откриен, но од тактички причини при истрагата сепак се тврдело дека злосторството всушност било извршено.

– Убиството беше инсценирано од безбедносните органи за да се открие лицето кое го нарачало и организаторите, изјави портпарол на обвинителството.

Се тврди дека Савелиев платил за убиството, кое според весникот „Известија“ чинело 100.000 долари.

Сенаторот е 53-годишен поранешен извршен директор на нафтена компанија, и припаѓа на партијата „Единствена Русија“ на претседателот Владимир Путин. Од 2016 година тој ја претставува Тулската област во Советот на федерацијата, а пред тоа бил член на Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент.

Во последните недели беа извршени неколку спектакуларни апсења на високи службеници од руската елита поради наводна корупција. Сепак, акција против сенатор по сомнение за убиство е невообичаена.

Во 90-тите години на минатиот век многу економски конфликти во Русија се решаваа со нарачани убиства, потсетува ДПА.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије со критики до израелскиот министер за надворешни работи Кац поради изјавата за Ердоган

Следно

Косовско Претседателство: Случката со Османи на скопскиот аеродром е чиста провокација и намера да се предизвика инцидент

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop