Руски истражители: Агентите на Навални и Украинците стојат зад убиството на блогерот Татарски

April 3, 2023
1 min read

Владлен Татарски беше убиен во неделата во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, а во експлозијата беа повредени повеќе од 30 луѓе

Руски истражители кои работат на случајот со убиството на воениот блогер Владлен Татарски ги обвинија украинските безбедносни служби и агентите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални како виновници за вчерашната експлозија во кафуле во Санкт Петербург, пренесува АФП.

Да потсетиме, пред неколку часа руските безбедносни сили информираа дека ја уапсиле Дарја Трепова, жителка на Санкт Петербург, родена 1997 година, под сомнение дека го убил рускиот пропагандист Татарски (вистинско име Максим Фомин).

Како што јави АФП, по апсењето на Трепова, руските истражители од Одделот за антитерористички активности тврделе дека зад експлозијата стојат украинската служба за безбедност и агентите поврзани со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој со месеци е во казнена колонија.

Според прелиминарните податоци, експлозивната направа била скриена во минијатурна скулптура, а Трепова била таа која на Татарски му ја предала додека тој им се обраќал на група луѓе во кафуле.

Владлен Татарски беше убиен во неделата во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, а во експлозијата беа повредени повеќе од 30 луѓе.

За разлика од многу други руски воени блогери и новинари на режимскиот Кремљ во Украина, Татарски носел оружје во борбени операции, јавува дописничката на Би-би-си за Русија, Олга Ившина.

Тој зборуваше од фронтот во Украина, а стана познат минатата година откако објави видео снимено во Кремљ, во кое вели: „Ќе ги победиме сите, ќе ги убиеме сите, ќе го ограбиме секој ако е потребно. Онака како што ни се допаѓа“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Општина Бутел доделува субвенции за поставување енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови на згради

Следно

Како ЦИА го шпионирала Асанж: Американците биле чекор пред основачот на Викиликс

Latest from Blog

Студенти од Нови Сад најавија протест: „Србијо, дали се слушаме?“ во петок од 19 часот

Новосадските студенти во блокада објавија дека протестот „Србијо, дали се слушаме?“ ќе се одржи во петок, 5 септември во Нови Сад, со почеток од 19 часот. Стартната точка е крстосницата на улицата

Зеленски: Можно е „корејско сценарио“ за крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од аспект на безбедносните гаранции. „Јужна

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот. Проблемите започнаа да

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите и да им се извини за тоа што ги заборавија изминативе 7 години

Сериозно сме изненадени од настапите на Филипче по локалните средби со млади коишто си ги правел во текот на вчерашниот ден. Филипче им говорел на своите членови од младината, како тешко се
Go toTop