Руската и американската делегација вторпат се сретнаа во Истанбул

April 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Делегациите на САД и Русија вторпат се сретнаа во Истанбул за да разговараат за активностите на амбасадите, известува Анадолу.

Во рамките на консултативната средба на која САД и Русија ќе разговараат за активностите на амбасадите, американската делегација пристигна во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул во 09:45 часот по локално време (08:45 по средноевропско време).

На средбата руската делегација ќе ја предводи Александар Дарчиев, амбасадор на Русија во Вашингтон, а делегацијата на САД ќе ја предводи Соната Култер, заменик-помошник државен секретар на САД за Русија и Централна Европа.

Средбата е проследена со значителен интерес кај голем број турски и странски новинари.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус, изјави дека вториот состанок во Истанбул ќе се фокусира само на „операциите за амбасадите“ и дека безбедноста на Украина или какви било други политички или безбедносни прашања нема да бидат на дневен ред.

„Делегациите на САД и Русија ќе се сретнат вторпат во Истанбул на 10 април за да се обидат да постигнат напредок во натамошното стабилизирање на операциите на нашите билатерални мисии“, рече Брус.

Руската и американската делегација првпат се сретнаа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, на 18 февруари, каде што разговараа за прашања поврзани со обновувањето на билатералните односи и решавањето на украинската криза.

Делегациите на САД и Русија одржаа прва средба во Истанбул на 27 февруари во резиденцијата на Генералниот конзулат на САД во Истанбул за да разговараат за активностите на амбасадите во рамките на нормализирањето на односите меѓу двете земји.

Средбата траеше приближно 6,5 часа.

Туркије останува посветена да биде домаќин и посредник на дијалогот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина воведе царина од 84 отсто за американските производи во услови на трговската војна

Следно

Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник

Latest from Blog

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави

ДЕВОЈЧИЊА ОД 11 И 14 ГОДИНИ МАЖЕНИ ЗА ВОЗРАСНИ: Податоци од Германија го алармираат општеството

Во Германија се откриени стотици случаи на детски бракови, а новите податоци покажуваат дека девојчиња на возраст од само 11 години стапуваат во брак со возрасни мажи. Според новите бројки, надлежните органи

Кога играат Атлетико и Јунајтед – домаќинот никогаш не победува, Ѓекереш ќе даде гол за Арсенал (Фото)

Најинтересните натпревари од вечерната програма во Лигата на шампионите се дел од Специјалната понуда на Sport Life, а може да се најдат стотици игри и комбинации со одлични квоти. Арсенал е голем

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат
Go toTop