Русите и Украинците конечно се согласија околу нешто

December 21, 2023
1 min read

„Машки свет. Крв на асфалтот“ (во оригинал: Slovo Patsana. Krov na asfalte) е нималку нежен опис на некогашната перестројка и советскиот распад, полн со садизам и цинизам, приказна која следи група момчиња кои се принудени да влегуваат во уличните банди во градот Казан.

Тоа денес е најгледаната телевизиска содржина во Украина, иако таму е забрането сè што доаѓа од Русија или е на руски јазик. Публиката, особено младите, епизодите ги наоѓаат на пиратски сајтови и платформи, на Телеграм канали, кај стигнат.

За нејзината популарност во Украина сведочи не само фактот што главниот мотив од саундтракот е најпопуларен на Спотифај и четврти на Јутјуб меѓу интернет корисниците од таа земја туку што и официјални инстанци, меѓу кои и министерството за култура и екс претседателот Порошенко се дигнаа против неа.

„Во нашата земја, руска серија која го промовира го насилството, криминалот и вродената естетика на агресорот, наголемо се шири на интернет, особено меѓу младите. Ваквата непријателска пропаганда е недозволена во Украина за време на војната“, соопшти министерството за култури потсетувајќи дека гледањето е илегално.

Но, ако серијата е пропаганда на Кремљ, не сите во руската влада знаат за тоа бидејќи и таму сакаат да ја забранат. Тамошното објаснување е дека таа го романтизира насилството и го глорификува бунтот против авторитетите. Руски депутати потпишуваат петиции за забрана на серијата а првиот човек на Татарстан, еден од економски најразвиените региони во Русија, вети дека официјално ќе побара нејзино блокирање.

Вака тоа изгледа и звучи:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска на увид на реконструираната сала во Спомен-домот АСНОМ во Делчево

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Владиката Партениј проговори за нападите од Палчо, односите со Петар, признавањето од Вартоломеј

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop