Русија: Ученичка пукала во училиште, па се самоубила

December 7, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Ученичка во Русија денес со сачмарка застрела неколку соученици, при што уби едно лице, а рани пет, по што се самоуби, потврдија државната новинска агенција РИА и властите, јавува Анадолу.

Пукотницата се случила во училиште во Брјанск, во регионот на границата со Украина, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Како што се наведува, меѓу ранетите има и деца. Едно од повредените лица е во тешка состојба, јави руската државна новинска агенција РИА.

„Прелиминарната истрага покажа дека 14-годишното девојче донело сачмарка во училиште со која пукала во своите соученици“, соопшти Истражниот комитет на Русија.

„Таткото на девојчето е однесен на распит како сведок“, пренесе РИА.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека го истражува мотивот за пукањето, едно од неколкуте во училиштата во земјата во последните години.

Во септември 2022 година вооружен маж отвори оган во училиште во Централна Русија, убивајќи 17 луѓе и ранувајќи 24 пред да се самоубие.

Во април 2022 година маж уби две деца и член на персоналот во градинка, исто така, во Централна Русија.

Во мај 2021 година маж отвори оган врз учениците во неговото поранешно средно училиште во рускиот град Казан, при што уби девет лица, меѓу кои седум деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина

Следно

Се огласи мајката на Вања: Не можам да разберам зошто моето преубаво девојче е во гроб

Latest from Blog

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop