Русија тврди дека Украина планира да нанесе „систематска штета“ на нуклеарната централа „Запорожје“

July 9, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија тврди дека Украина планира да нанесе „систематска штета“ на нуклеарната централа „Запорожје“, пренесува Анадолу.

„Сега тие започнаа со план за ‘свој спас’: систематско нанесување штета на нуклеарната централа ‘Запорожје’“, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во изјавата објавена на Телеграм.

Захарова нагласи и дека претстојниот Самит на НАТО во литванскиот главен град Вилнус, кој ќе се одржи овој месец, треба да го посвети своето примарно внимание на ова прашање: „На крајот на краиштата, огромното мнозинство од членките на Алијансата ќе бидат во зоната на директен пораз.“

Нејзиниот коментар дојде како одговор на изјавата на заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, по повод 500. ден од руско-украинската војна.

Малиар на Телеграм објави дека поминале 273 дена од „првиот напад“ на мостот во Крим, изведен „со цел да се разбие логистиката на Русите“.

На 8 октомври се случи експлозија на Керченскиот мост, патна и железничка траса што е единствена копнена врска на Русија со полуостровот Крим, кој го анектира од Украина во 2014 година, потег што меѓународната заедница, вклучително и Туркије и Генералното собрание на Обединетите нации го осудија за нелегитимен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН ги осуди нападите во Судан во кои загинаа 22 лица

Следно

ТРАГЕДИЈА: Татко и две деца се удавија во Албанија

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива непречено, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Анчелоти го отпиша Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра против Франција во Бостон на
Go toTop