Русија тврди дека САД продолжиле да купуваат руска нафта

January 11, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) продолжија со увоз на руска нафта по пауза од една и пол година, објавија денес руските медиуми, повикувајќи се на Американската администрација за економија и статистика (ЕСА), пренесува Анадолу.

Руската државна новинска агенција РИА ги анализираше податоците објавени од ЕСА и извести дека Вашингтон увезол 36.800 барели нафта во октомври за 2,7 милиони долари и 9.900 барели во ноември за 750.000 долари, што значи дека барел руска нафта ги чинеле САД околу 74 долари во октомври и 76 долари следниот месец, што е значително повисоко од границата поставена од земјата на 60 долари за барел.

Според истражувањето, нафтата е купена за внатрешна потрошувачка.

Во март 2022 година САД воведоа забрана за испорака на нафта од Русија поради „специјалната воена операција“ на земјата во Украина што започна во февруари истата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама најави дека Албанија ќе произведува автомобили за државните институции

Следно

Зеленски предупредува дека „паузата“ во војна ќе биде од корист само за Русија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop