Русија тврди дека презела контрола врз уште две населени места во украинските региони Донецк и Харков

July 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека презела контрола врз уште две населени места во украинските региони Донецк и Харков, во рамките на тековната офанзива на Москва во Украина, пренесува Анадолу.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се тврди дека руските сили го зазеле селото Пидубне, на околу 22 километри северно од стратешкиот град Велика Новосилка, во источниот регион Донецк.

Русија претходно соопшти дека ја зазела Велика Новосилка на 27 јануари. Градот се наоѓа близу тромеѓето на украинските региони Донецк, Запорожје и Дњепропетровск.

Пидубне се наоѓа на околу 20 километри од тромеѓето и околу 7 километри од административната граница помеѓу регионите Донецк и Дњепропетровск.

Во соопштението понатаму се тврди дека руските сили ја презеле контролата и врз селото Соболивка, на околу 3 километри западно од градот Купјанск, главен фронт во офанзивата на Москва во североисточниот регион Харков.

Украинските власти сè уште не ги коментирале тврдењата на Русија, а нивната независна верификација е тешка поради тековната војна, која влезе во својата четврта година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Уапсен 21-годишен кумановец, со остри предмети им се заканувал на родителите

Следно

Мицкоски: Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Latest from Blog

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Фото: Борусија Дортмунд Х Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот. Се очекуваше
Go toTop