Русија тврди дека ја зазела железничката станица Молчаново во украинската област Харков

July 19, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес објави дека руските сили ја зазеле железничката станица Молчаново во украинската област Харков, која се користи за снабдување со оружје, муниција и транспорт на воен персонал, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, рече дека друг важен воен објект, воздухопловната база Канатово, резервна воздухопловна база на украинското воздухопловство лоцирана во Кировоградската Област, била погодена од високо прецизно оружје.

Тој додаде дека синоќа нападот бил насочен кон индустриската инфраструктура и инфраструктурата за гориво во Одеса.

Украинските власти и медиуми синоќа објавија информации за голем број експлозии во најмалку 10 региони на Украина.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера го повика Западот да ѝ достави на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведено лицето кое му се заканувало на претседателот на Чешка

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Романија, Словачка и Полска испраќаат над 200 пожарникари за да помогнат во справувањето со пожарите што и денеска беснеат во Грција

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop