Русија тврди дека ја презела контролата врз Мирноје во регионот Запорожје

March 17, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската војска ја презела контролата врз населеното место Мирноје во регионот Запорожје во Украина, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството дадени се најновите информации за акциите на руската војска во Украина.

Се наведува дека Вооружените сили на Русија ја презеле контролата врз населеното место во регионот на Запорожје.

„Источните воени единици во правец на Јужен Доњецк го ослободија населеното место Мирноје по успешна акција“, се додава.

Во соопштението се наведува дека авијацијата, ракетните сили и артилериските единици на Вооружените сили на Руската Федерација во текот на денот гаѓале воени цели.

„Гаѓани се работилници за монтажа и подготовка на беспилотни летала, како и единици и воена опрема на Вооружените сили на Украина во 127 подрачја“, се истакнува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден од руските претседателски избори со протести „Пладне против Путин“

Следно

Занаетчиството во државата полека изумира, повеќе нема интерес за старите занаети

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop