Русија: Путин се состана и разговараше со шефот на „Вагнер“, Пригожин, и неговите команданти

July 10, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин се состанал со Евгениј Пригожин, шеф на групата „Вагнер“, и неговите команданти само неколку дена по „бунтот“ на таа паравоена група, јавува Анадолу.

„Претседателот имаше состанок. Тој покани 35 луѓе, сите команданти на одредите и раководството на четата, вклучително и самиот Пригожин“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на брифингот во Москва.

Посочувајќи дека состанокот се одржал на 29 јуни и траел три часа, Песков додаде дека Путин дал оцена за акциите на „Вагнер“ на фронтот за време на специјалната воена операција во Украина, а исто така дал и своја оцена за настаните од 24 јуни.

„Путин ги сослуша објаснувањата на командантите на „Вагнер“ и им понуди дополнителни опции за ангажман и понатамошна борбена употреба. Самите команданти ја претставија својата верзија за тоа што се случи“, рече Песков.

Песков, исто така, рече дека командантите го поддржувале Путин и ја изразиле својата подготвеност да продолжат да се борат за татковината, додавајќи дека тоа е сѐ што може да каже за состанокот.

Пригожин на 24 јуни го обвини руското Министерство за одбрана дека ги напаѓа нејзините борци и прогласи „Марш на правдата“ и маршираше кон Москва.

Руската Федерална служба за безбедност ја означи акцијата на групата „Вагнер“ како „вооружен бунт“ и поведе кривична постапка против Пригожин, додека претседателот Владимир Путин бунтот го нарече чин на „предавство“.

Пригожин, сепак, подоцна се врати „за да избегне крвопролевање“ и оттогаш, според наводите, се преселил во сојузникот на Русија, Белорусија, според договорот постигнат со посредство на претседателот на земјата, Александар Лукашенко.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе пречекан како американски претседател во родното село на татко му во Камерун

Следно

Лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Владимир Путин оствариле средба пет дена по неуспешниот пуч

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop