Русија потврди дека нејзин воен брод е нападнат и оштетен на Крим

December 26, 2023
1 min read

Во нападот извршен од Украина, како што соопштил шефот на администрацијата на Крим, инсталиран од Москва, Сергеј Аксјонов, е убиено едно лице

Русија потврди дека еден од нејзините воени бродови во Црното Море е уништено во напад од страна на Украина, објави Би-би-си.

Десантниот брод „Новочеркаск“ на Црноморската флота на руската морнарица кој бил цел на нападот / Фото: Википедија

Нападот се случи во текот ноќта во пристаништето Феодосија на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Министерството за одбрана на земјата, како што јавува британскиот национален сервис, соопштило дека десантниот брод „Новочеркаск“ бил погоден од украиски воздухоплов кој носел наведувани проектили.

Во нападот, како што соопштил шефот на администрацијата на Крим, инсталиран од Москва, Сергеј Аксјонов, е убиено едно лице.

Тој, според Би-би-си, додал дека биле уштетени и шест згради и дека мал број луѓе морале да бидат евакуирани во центрите за привремено сместување.

И покрај нападот, во извештаите се наведува дека транспортните операции на пристаништето Феодсија се одвиваат нормално.

Полуостровот Крим е меѓународно признат како дел од Украина, но е под руска окупација откако беше заземен и анектиран во 2014 година.

Претходно утринава, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук изјави дека нивни авиони го уништиле бродот на Црномоската флота на руската морнарица.

„Руската флота станува се помала. Имаше голема експлозија“,

рекол Микола Олешчук на својот канал на Телеграм.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека на пристаништето имало голема експлозија и пожар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во зграда во Албанија: Хоспитализирани 42 лица, сите граѓани се евакуирани

Следно

Завршни зборови на одбраната за  „Ласкарци“

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop