Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот на мостот на Крим

July 17, 2023
1 min read

Извор од украинските безбедносни служби за Би-би-си, исто така, потврди дека Украина стои зад нападот и оти тој бил извршен со дронови

Руските власти ја обвинија Украина дека стои зад нападот на мостот што ги поврзува Русија и полуостровот Крим.

Шефот на кримскиот парламент Владимир Константинов тврди дека зад ова стои „терористичкиот режим во Киев“, објавија руските медиуми контролирани од власта. Според изјавата што ја пренесуваат тие, тој рекол дека Украина извршила „ново злосторство“ со кое целела на „цивилен објект“.

Извор од украинската Служба за безбедност за Би-би-си изјавил дека нападот бил „специјална операција на оваа служба и на поморските вооружени сили”.

„Мостот беше нападнат со дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот беше можно“,

вели изворот.

Потврда дека украинските служби стојат зад нападот дал и анонимен извор за украинскиот сајт censor.net.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), Андриј Јусов, изјави дека службата нема да го коментира настанот.

„Сега целиот свет може да ги види километарските сообраќајни колони и оштетување на конструкцијата на мостот. Што се однесува до дополнителни коментари во врска со инцидентот, нема да има. Можам само да ги цитирам зборовите на првиот човек на ГУР, Кирил Буданов, дека Кримскиот мост таму e вишок објект“,

изјави Јусов.

Тој истакна дека поради оштетување на дел од мостот Русите ќе имаат проблеми со логистика.

„Русите го користат Крим како главен логистички центар за движење на силите и опремата длабоко на територијата на Украина“,

истакна Јусов.

Други украински претставници, пак, велат дека зад ова може да стои и самата Русија. Портпаролот на доброволната армија „Југ“, Сергиј Брачук, рече дека причината би можела да биде и лансирање на дрон „Шахид“ од страна на Русите.

„Јас би ја разгледал оваа верзија, бидејќи столбот се урна токму во правец на Кубањ. Да не го заборавиме градот Приморско-Ахтарск во Краснодарската територија, од каде што се лансираат озлогласените ирански ‘шахиди’, кои летаат кон Украина и уништуваат цивилни објекти. Можно е еден таков ‘шахид’ да се ‘уморил’ и да паднал на столбовите на Кримскиот мост. Таквата верзија има основа“,

рече тој.

Портпаролката на јужната команда на украинската армија Наталија Гумењук оцени дека експлозиите на мостот на Крим би можеле да бидат провокација на руските сили, со цел да се наруши „договорот за житото“.

Според медиумските извештаи од претходно, на мостот кој е клучна сообраќајница меѓу Русија и полуостровот Крим кој Москва го анектираше, рано утринава се слушнале две експлозии. Загинаа две лица – родители на млада девојка.

Сообраќајот – железнички и фериботскиот, биле прекинати, но се очекува нивно обновување во текот на денот.

Photo: EPA-EFE/UKRAINE SECURITY SERVICE / АРХИВА

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И „Вајмарската тројка“ доаѓа во земјава да разговара за преговорите со ЕУ и уставните измени

Следно

САРА КЛИМОСКА НАГРАДЕНА ЗА „КАЈМАК“ НА МАНЧЕВСКИ, ВО АВГУСТ АМЕРИКАНСКА ПРЕМИЕРА

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop