Русија истрела суперсонични ракети во Јапонското Море 

March 28, 2023
1 min read

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио со внимание ги следи воените операции на Москва и додаде дека не е забележана штета по лансирањето на ракетите

Руската морнарица истрела суперсонични противбродски ракети врз симулирана цел во Јапонското Море, објави утрово руското Министерство за одбрана. 

 „Во водите на Јапонското Море, бродовите на Тихоокеанската флота истрелаа крстосувачки ракети ‘москит’ кон лажна непријателска цел“,

се вели во соопштението на телеграм-профилот на Министерството, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

Суперсонична крстосувачка ракета P-270 Moskit/Фото: Википедија

Целта, како што се додава, се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри и била успешно погодена со две крстосувачки ракети „москит“. 

Ракетата „P-270 Moskit“, која го носи и називот „SS-N-22 Sunburn“, според класификацијата на НАТО, е суперсонична крстосувачка ракета со среден дострел од советско потекло, способна да уништува бродови на оддалеченост до 120 километри. 

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио со внимание ги следи воените операции на Москва и додаде дека не е забележана штета по лансирањето на ракетата. 

„Како што руската инвазија на Украина продолжува, руските сили исто така стануваат поактивни на Далечниот Исток, вклучително и околу Јапонија“,

рече Хајаши на прес-конференција. 

Лансирањето на ракетите доаѓа една недела откако два руски стратегиски бомбардери способни да носат нуклеарно оружје извршија прелет над Јапонското Море кој траеше повеќе од седум часа.  

Прашан за плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Хајаши рече дека Јапонија го осудува потегот и бара Русија и Белорусија да престанат со акциите што дополнително ќе ги зголемат тензиите. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Богата програма за најмладите од Гази Баба по повод Денот на шегата

Следно

Бела куќа: САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop