Русија и Украина го поздравија мировниот план на Кина

February 24, 2023
1 min read

На првата годишнина од руската инвазија на Украина, Кина објави документ со 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за руско-украинскиот воен конфликт и во кој, меѓу другото, повикува на мировни преговори и прекин на непријателството меѓу двете страни

Москва го цени планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека тоа би претпоставувало признавање на „нова територијална реалност“ во Украина, пишува „Гардијан“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на денешната прес-конференција по повод годишнината од руската инвазија, меѓудругото, го коментираше и кинескиот мировен план.

„Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според изјавеното, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам“,

рече Зеленски.

На првата годишнина од руската инвазија на Украина, Кина објави документ со 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за руско-украинскиот воен конфликт и во кој, меѓу другото, повикува на мировни преговори и прекин на непријателството меѓу двете страни.

Во документот насловен како „Позицијата на Кина за политичкото решавање на кризата во Украина“, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека земјата ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Конфликтот и војната никому не му користат. Сите страни мора да останат рационални и да покажат воздржаност, да избегнуваат разгорување на пламенот и влошување на тензиите и да спречат дополнително влошување на кризата или дури и излегување од контрола. Сите страни треба да ги поддржат Русија и Украина да работат во иста насока и да го продолжат директниот дијалог што е можно побрзо, за постепено да се деескалира ситуацијата и на крајот да се постигне сеопфатен прекин на огнот“,

се наведува во документот на кинеското МНР под точката која гласи „Престанок на непријателствата“.

Документот што го објави во голема мера е повторување на постојната позиција на Кина, која вклучува повикување на двете завојувани страни да ги продолжат мировните преговори. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

Следно

Лозановска до Ковачевски: Енергетска револуција има само за вас неколку во власта кои произведувате струја, а во државата ЕЛЕМ е доведен до загубар, се краде струја од европската мрежа, се увезува струја, се увезува јаглен, мазут

Latest from Blog

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.
Go toTop