Русија го обвини сараевскиот театар за антируска пропаганда поради „Идиот“

March 2, 2023
1 min read

Режисерката Селма Спахиќ, која премиерно ја изведе претставата минатата недела, беше прогласена за неталентирана и хистерична од руските дипломати на Фејсбук страницата на амбасадата затоа што нејзиниот „Идиот“ е поставен во современ контекст во кој предупредува на страшните злосторства извршени од руската армија и паравоените групи за време на агресијата кон Украина

Руската амбасада во БиХ го обвини Народниот театар во Сараево за антируска пропаганда, изразувајќи незадоволство од начинот на кој во тој најстар театар во БиХ е поставена претставата „Идиот“ од Фјодор Достоевски.

Режисерката Селма Спахиќ, која премиерно ја изведе претставата минатата недела, беше прогласена за неталентирана и хистерична од руските дипломати на Фејсбук страницата на амбасадата затоа што нејзиниот „Идиот“ е поставен во современ контекст во кој предупредува на страшните злосторства извршени од руската армија и паравоените групи за време на агресијата кон Украина.

Ова особено се однесува на делот од претставата во кој актерот во улогата на Лев Мишкин „патетично ја обвинува Русија од сцената за намерно убиство на стотици невини цивили, жени и деца во театарот во Мариупол“. Тој театар беше засолниште за повеќе од илјада цивили за време на рускиот напад на Мариупол, но сепак беше цел на руската авијација.

Стотици луѓе беа убиени во воздушен напад на театарот на 16 март 2022 година. Конечниот број на жртви не е утврден, но проценките се дека во рускиот воздушен напад загинале меѓу 300 и 600 луѓе.

Руската амбасада, без да понуди докази, ги повторува тврдењата дека овие луѓе не биле убиени во воздушен напад, туку дека биле жртви на експлозија што ја подметнале припадници на украинскиот Азовски полк.

На официјалната веб-страница на амбасадата, директорката Селма Спахиќ е обвинета дека не била добро информирана, а Сараевскиот народен театар е обвинет дека бил користен за пропаганда „на ист начин како што нацистите го користеле Драмскиот театар во Мариупол за да убиваат луѓе“. Од амбасадата велат и дека културата во Сараево „треба да се ослободи од политиката и нацизмот“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца скопјани каснати од улични кучиња

Следно

Панова: Ковачевски бега од проблемите не сака ни збор да каже за непотизмот, за дуќанот на Груби, ниту за тоа што народот нема леб

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop