Русија ги обвини САД дека развиваат биолошко оружје во близина на руските граници

April 11, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Игор Кирилов, командант на руската војска за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита (NBCP), ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) за развој на биолошко оружје во близина на границите на Русија, јавува Анадолу.

Говорејќи на пленарната седница во Долниот дом на рускиот Парламент, Кирилов рече дека Министерството за одбрана на таа земја анализирало повеќе од 2.000 документи, „кои го потврдуваат спроведувањето на воено-биолошки проекти на територијата на Украина“.

„Врз основа на резултатите од анализата на документите и интервјуата со сведоци, не се сомневаме дека САД, под превезот на обезбедување глобална биолошка безбедност, спроведоа истражување со двојна намера, вклучително и создавање компоненти на биолошко оружје во непосредна близина на руските граници“, нагласи тој.

Минатата година Кирилов рече дека Русија се обидела да воспостави контролен механизам во рамките на Конвенцијата за биолошко оружје (BWC) за да спречи нелегално воено биолошко истражување, но на идејата остро се спротивставил Вашингтон.

Пентагон активно ги пренесува истражувањата што не успеал да ги заврши во Украина во земјите од Централна Азија и Источна Европа, тврди руски официјален претставник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Продолжуваме со инвестициите, производството и извозот

Следно

Скопјанец ограбен на паркинг пред казино

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop