Русија: 10 загинати во авионска несреќа меѓу кои и шефот на „Вагнер“, Пригожин

August 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Евгениј Пригожин, шефот на паравоената група „Вагнер“, доцна вечерва потврдено е дека се наоѓал во приватниот авион што се урна во северозападниот руски регион Твер, при што загинати се сите 10 патници, пренесува Анадолу.

Во соопштението на руската Федерална агенција за воздушен сообраќај наведени се 10 имиња, од кои тројца се членови на екипажот, кои се качиле во авионот „Ембраер“. На листата е и коосновачот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин.

„Летот на авионот Ембраер-135 (ЕБМ-135БЈ) е извршен со дозвола за користење на воздушниот простор, издадена согласно утврдените процедури“, се додава во соопштението.

Агенцијата првично објави дека специјално формирана комисија започнала истрага и дека во авионот на МНТ-Аеро, кој патувал од Москва кон Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот.

Се наведува дека Комисијата започнала со увид на местото на настанот и со собирање „фактички материјал за обуката на екипажот, техничката состојба на авионот, метеоролошките услови на рутата на летот, работата на контролата на летање и копнената радио опрема“.

„Во оваа фаза од истрагата експертите ќе мора да бараат и средства за објективна контрола на леталото, последователно декодирање и анализа на записите од црната кутија“, се додава во соопштението.

Руското Министерство за вонредни ситуации преку Телеграм соопшти дека авионот се урнал во близина на селото Куженкино при што, според прелиминарните информации, загинале сите 10 лица во авионот.

Истражната комисија на Русија, исто така, преку Телеграм соопшти дека започнала процес за кривична одговоност врз основа на „прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирањето на воздушниот транспорт“.

Во извештајот на државната новинска агенција РИА, цитирајќи извор од службите за итни случаи, се вели дека на местото на несреќата биле пронајдени осум тела.

„Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на ‘Вагнер’ два месеци по обидот за државен удар е сигнал од (рускиот претседател Владимир) Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Внимавајте! Нелојалноста е еднаква на смрт“, напиша советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак на платформата X, коментирајќи во врска со падот. „Но, тоа е сигнал и за руската војска: Нема да има херои на СВО („специјалната воена операција“). Ако тоа не е украинскиот суд, тоа ќе биде куршумот на ФСБ (Руската Федерална служба за безбедност)“.

Пригожин се најде на насловните страници во јуни кога започна „вооружен бунт“ против руското раководство, потег кој набрзо го прекина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Пригожин си потпишал смртна казна кога поверувал во ‘гаранциите на Лукашенко’ и ‘чесниот збор’ на Путин”

Следно

МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Грција го отвори еден најголемите рудници во Европа на Халкидики, македонското рударство се уште чека шанса

Примерот на Грција покажува дека рударството може да биде двигател на економскиот развој, без да ги исклучува земјоделството, туризмот и другите стопански гранки. Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“, која се залага

ВЛЕН: Рама ги поздрави разговорите за правосуден испит на албански јазик

ВЛЕН соопшти дека албанскиот премиер Еди Рама им се заблагодарил на албанските партии во Владата за напорите за унапредување на употребата на албанскиот јазик. Според коалицијата, Рама ги посочил прашањата поврзани со

Невремиња и поплави погодија голем дел од САД, повеќе од 900.000 корисници без струја

Силни невремиња, обилни дождови, ветрови и поплави погодија голем дел од САД за време на Денот на благодарноста, нарушувајќи ги празничните патувања и оставајќи повеќе од 900.000 домаќинства и деловни објекти без

Вработени во ЈСП фатени како крадат гориво – ќе бидат избркани од работа

Вработени во ЈСП „Скопје“ се фатени како крадат нафта од автобусите во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил објави фотографии на кои

Маурицио Сари: Не можеме постојано да се извлекуваме на ваков начин

Тренерот на Аталанта, Маурицио Сари, испрати сериозно предупредување до своите фудбалери, посочувајќи дека тимот не може постојано да се потпира на пресврти за да доаѓа до победи. Стратегот го коментираше драматичниот триумф
Go toTop