РУМЕНА БУЖАРОВСКА ВО АРГЕНТИНА ГО ПРЕТСТАВИ ШПАНСКОТО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „МОЈОТ МАЖ“

February 2, 2024
1 min read

Шпанското издание на збирката раскази „Мојот маж“ на Румена Бужаровска, на 31 јануари беше претставено во Буенос Аирес, Аргентина. Книгата во Аргентина ја објави шпанската издавачка куќа „Импедимента“, во превод на Красимир Тасев.

Промоцијата, како што велат од нејзиниот македонски издавач „Три“, се одржа во книжарницата „Даин Усина културал“ пред голем број публика.

Со Бужаровска разговарала новинарката, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Деновиве „Мојот маж“ се објави и на полски јазик, во издание на „Биуро литерацкие“ и во превод на Јованка Дорота Ќириќ.

Според истоимената збирка раскази на Бужаровска атинскиот театар „Тисион“ постави претстава во режија на грчката режисерка Марија Маганари. Премиерата беше на 26 јануари, а како што објави МИА, претставата била распродадена и постигнала голем успех. По премиерата имало дискусија со режисерката, авторката на книгата, преведувачката, како и актерките.

Збирката „Мојот маж“ досега е преведена на четиринаесет јазици и е поставена како театарска претстава во шест земји. Неодамна, издавачката куќа „Три“ го објави десеттото издание на книгата.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најава за штрајк во ФЗО, од понеделник ќе се работат само неопходните предмети

Следно

Премиер лига: Потрошувачката во јануарскиот преоден рок за 88 отсто помала од лани

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop