Румена Бужаровска: Приказната е сржта на филмот

September 22, 2023
1 min read

Нарација во книжевноста и филмот, е темата на која попладнево пред битолчани зборуваше македонската писателка, книжевна преведувачка и професорка, Румена Бужаровска. Настанот кој се одржа во културниот центар „Магаза“, а кој го модерираше Ана Василева, е дел од Офф пограмата која се одржува во рамки на годинашниот Интернационален фестивал за филмска камера, „Браќа Манаки“.

Тоа што се памети е приказната. Сите најдобро паметиме приказни. Начинот на кој учиме е преку приказни, начинот на кој го пренесуваме знаењето е преку приказни. Но, и преку слики, во филмската уметност. Некои од сликите во детството се немаат најдено во моите раскази. На пример, кога бев малечка, ме нервираше едно девојче кое ни кажуваше стално да ѝ зборуваме дека е убава, па еднаш ѝ реков да фати коприва. Таа слика кога таа ја фати копривата, ми остана во сеќавање. Сакав да сфати дека убавината не е нешто најважно на светот, рече Бужаровска.

Таа на посетителите им откри дека во последно време пишува во сцени.

Прво сакам да завршам за една сцена каде има една локација визуелна, па потоа да започнам да пишувам во друга сцена. И тоа ми го олеснува пишувањето, додаде пиателката.

Според неа, кога станува збор за филм, приказната е сржта на филмот.

Режисерите често се преценуваат кога се обидуват да напишат приказна за филм. И пишувањето и снимањето филм, се занаети. Режисерите треба да им дадат простор на раскажувачите и на писателите. Има начин како се пишува приказна, како што има начин како се снима филм Тоа се вештини и тоа се учи. Но сепак, не може да има филм без приказна, смета писателката.

Како што таа појасни, филмот е ниво на кое се соединуваат повеќе уметности.

Многу полесно да се напише книга, во тој процес човек е сам. Но, многу е потешко да се сними филм бидејќи таму има екипа од многу луѓе, кои се „комплицирани“, додаде Бужаровска.

Почнувајќи од денеска па до 29 септември, како дел од Офф програмата, во Битола ќе се одржуваат презентации, изложби и работилници.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Нема да има уставните измени, ниту еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа

Следно

Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop