РОЗГА ГО ЗАПАЛИ СКОПЈЕ: Целата сала три часа стоеше на нозе и пееше на глас, пејачката се расплака – но и ја вжешти атмосферата во ова секси издание (ВИДЕО)

February 11, 2024
1 min read

Хрватската музичка ѕвезда Јелена Розга вчеравечер одржа спектакуларен концерт во Арената Борис Трајковски во Скопје.

Салата беше исполнета до споследното место, а публиката буквално го престои целиот концерт на нозе, а речиси малкумина беа тие што се воздржаа да не станат и седеа за време на нејзините најголеми хитови.

Розга се пресоблече неколку пати, а на сцената секоја креација и блескаше и привлекуваше големо внимание. Од гламурозен долг црн фустан, до боди со голи нозе, како и кожен краток фустан, па се до бело светкаво сако и суќна со една ногавица.

Целиот концерт пејачката го изоде на високи потпетици на кои играше и трчаше низ сцената речиси цели три часа.

Целото шоу беше именувано како „Minut srca mog“, а шоуто со светлечките, звучните ефекти и танчерите ги остави сите во неверување.

Јелена уште еднаш докажа дека нејзините хитови ги знае цела Македонија, пеејќи ги во еден глас, а како возврат од напливот на емоции таа во еден момент и се расплака.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Многу сум уплашена, ве молам да дојдете

Следно

Струга и Охрид без професионален кадар, келнери и готвачи се пакуваат за Хрватска

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и
Go toTop