Ромеро прогласен за најдобар во Лигата на Европа оваа сезона

May 22, 2025
1 min read

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лигата на Европа за сезоната 2024/25.

Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед во средата навечер, а еден ден подоцна, Европската фудбалска централа (УЕФА) го објави најдобриот играч на сезоната во второто најсилно натпреварување.

Ромеро одигра седум натпревари во Лигата на Европа оваа сезона. УЕФА истакнува дека тој имал 91 процент точни додавања, што е само еден од статистичките параметри што Техничкиот комитет ги зел во предвид.

Ромеро беше и играч на натпреварот во финалето, а комитетот даде кратко објаснување за својата одлука: „Ромеро покажа доминантна игра од почетокот до крајот на сезоната“.

Ромеро не пропушти ниту една минута од натпреварите во четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Наградата за играч на сезоната во Лигата на Европа, пред капитенот на Тотенхем, ја освоија Пјер-Емерик Обамејанг (2023/24), Хесус Навас (2022/23), Филип Костиќ (2021/22), Жерар Морено (2020/21), Ромелу Лукаку (2019/20) и Еден Азар (2018/19).  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин нареди создавање „тампон-зона“ покрај руско-украинската граница

Следно

Турскиот Совет за национална безбедност ги поздрави чекорите за укинување на санкциите кои му штетат на сирискиот народ

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop