Романското обвинителство почна кривична истрага против Георгеску

February 26, 2025
1 min read

Романското обвинителство отвори кривична истрага против победникот од поништениот прв круг од претседателските избори, Калин Георгеску, по неколку обвиненија, вклучително и за промовирање антисемитизам.

Телевизијата Диџи 24 јави дека поранешниот проруски претседателски кандидат е обвинет за злосторства поврзани со поттикнување дејствија против уставниот поредок, пренесување лажни информации, фалсификување декларации и пропагирање култ на поединци обвинети за геноцид.

Георгеску денеска беше приведен одведен на распит во Јавното обвинителство.

Претходно, Јавното обвинителство во Букурешт соопшти дека се извршени претреси во домовите на поддржувачи на Георгеску низ целата земја поради финансирање на кампањата и сомнеж за нелегална десничарска екстремистичка пропаганда.

Независниот кандидат Георгеску во првиот круг од претседателските избори, што се одржаа 24 ноември минатата година освои најголем број гласови, но Уставниот суд на 6 декември ги поништи резултатите поради сомневање за странско мешање.

Георгеску изјави дека за кампањата потрошил „нула леи“, но романските разузнавачки служби соопштија дека неговата промоција на социјалните мрежи, особено на ТикТок, чинела најмалку еден милион евра.

Повторените претседателските избори се закажани на 4 мај. Уставниот суд допрва треба да одлучи дали ќе му дозволи на Георгеску повторно да се кандидира, а рокот за поднесување на кандидатурите е 15 март.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петковски во Аргумент плус: Иако имаме наметната перцепција дека САД е нашиот стратешки партнер сепак треба да видиме како ќе се рефлектира тоа

Следно

Мицкоски: Размислувам за смена на државниот грб, не размислувам и не ми паѓа на памет да се менува химната

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop