Романскиот претседател се повлече од трката за шеф на НАТО

June 20, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Романскиот претседател Клаус Јоханис се повлече од трката за следен генерален секретар на НАТО, оставајќи го холандскиот премиер во заминување Марк Руте од октомври да биде на чело на најголемата воена организација во светот, пренесува Анадолу.

Од Кабинетот на претседателот Клаус Јоханис е соопштено дека Советот за безбедност на Романија ја поддржал кандидатурата на Руте. Исто така, се наведува дека Јоханис го известил НАТО кон крајот на минатата недела дека има намера да се повлече.

Неговото повлекување ја отстранува последната вистинска пречка со која се соочува Руте. Ова треба да му овозможи на НАТО да покаже единство и да покаже солидарност со Украина разурната од војна, кога американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги ќе се состанат во Вашингтон од 9 до 11 јули по повод 75. роденден на НАТО.

Во вторникот Унгарија го укина ветото за кандидатурата на Руте откако долгогодишниот холандски премиер даде писмени гаранции дека нема да ја принудува Будимпешта да учествува во новите планови на воената алијанса за давање поддршка на Украина доколку тој биде назначен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови научни сознанија за причините и појавата на пелтечењето

Следно

Кабинетот на Претседателката Давкова за ТВ 24: Официјална употреба на уставното име

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop