РОМАНОТ НА ГОДИНАТА Е КАКО МИК ЏЕГЕР, ПРЕСТАРЕНА РОК ЅВЕЗДА СО РЕНОМЕ, РЕЧЕ ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ НА 25. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАTA, ЧИЈА ГОДИНЕШНА ЛАУРЕАТКА Е ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

May 21, 2024
2 mins read

Свеченото доделување на наградата Роман на годината за 2023 за делото „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, на синоќешниот настан во Драмски театар во Скопје помина во знакот и на одбележувањето на 25. издание од постоењето на наградата. Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999  од весникот „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Како млад новинар, ги следев јубилејните 25. Струшки вечери на поезијата (СВП) и некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди. Тогаш сфатив дека за една манифестација, во случајот награда, во нашата држава, 25 години ако не е длабока старост тогаш се сигурно сериозни или барем средовечни години. Романот на годината е како престарена рок-ѕвезда. За Мик Џегер може да кажете што сакате, ама не можете да му го урнете реномето. Во таа смисла, мислам дека Романот на годината го достигна тоа ниво да може комотно и комфорно да се ‘брчка’ во своето место во македонската култура. Сакам да мислам на оваа награда како на своевиден книжевен капитал што секој лауреат ќе го носи со себе и со гордост ќе го истакнува во своите биографии“, рече Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“ .

Синоќа беше отворена и изложбата „25 години Роман на годината“ на која беа претставени сите дела – досегашни носители на ова признание. (Фото: Министерство за култура)

Димковска кажа наградата Роман на годината сѐ  повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска родова книжевна награда во Македонија. Издавач на „Единствен матичен број“ е „Три“.

„Роман на годината во една ваква јубилејна година, 25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас! Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата, што укажува на тоа дека наградата Роман на годината сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик. Единствено квалитетот треба да биде поле за натпревар меѓу книжевните дела. Колку тажен би бил фактот да не знаеме дека наш современик, наша современичка напишал-а одличен роман, само затоа што го напишал-а на друг јазик, а го пишувал-а тука близу, покрај нас, во истата космичка микро и макроклима на општествен, културен, метафизички и симболичен простор“, рече писателката Димковска.

Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Следно

Реал Мадрид без Чуамени во финалето на ЛШ

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop