Родители бараат префрлање на децата од ОУ „Владислав Рибникар“ и негова реконструкција

May 8, 2023
1 min read

Она што побарале родителите на децата од пониските одделенија е посетата на психотерапевтот да биде во рамките на нивната одделенска заедница

Директорот на белградската училишна управа, Драган Филиповиќ, денеска изјави дека, иако е одлучено учениците од основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што се случи трагедијата на 3 мај, да се вратат на настава в среда, на 10 мај, враќањето на секој ученик ќе зависи од тоа како ќе се чувствува и додаде дека сите наредни активности во тоа училиште ќе бидат целосно приспособени на учениците.

Филиповиќ рече и дека барањата на родители на основци во „Владислав Рибникар“ главно се однесуваат на префрлање на учениците и реконструкција на училиштето.

„Секој што влегува во училиштето има чувство дека треба да се реконструира. Инаку, училиштето долго време е во состојба која бара реконструкција. Кога станува збор за префрлање ученици, тоа не би било добро за децата. Повторно, во друго училиште, со врсниците би ги поминувале истите приказни, би се навраќале на тоа како се случило, зошто се случило, како изгледало… Децата би немале можност да завршат со тоа што се случило. Секако дека не е лесно, но токму затоа организираме за сите деца во ова училиште се што им треба“,

изјави Филиповиќ, пренесува Телегарф.рс.

Тој посочи дека наставата нема да се одвива по класичен модел и дека е донесен акциски план.

„Учениците ќе се вратат на настава в среда на 10 мај, но враќањето на секој ученик ќе зависи од тоа како се чувствува“,

рече тој и додаде дека сите наредни активности во тоа училиште ќе бидат целосно приспособени на учениците.

Она што побарале родителите на децата од пониските одделенија е посетата на психотерапевтот да биде во рамките на нивната одделенска заедница.

„Ние, исто така, го препорачавме тоа бидејќи децата во група најдобро добиваат информации и се осмелуваат да постават прашања. Особено кога станува збор за деца од најмала возраст“,

изјави Филиповиќ.

За потсетување, во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ загинаа осум ученици и чуварот. Во станот на ученикот К.К. (13), кој е обвинет за ова грозоморно злосторство, полицијата пронашла скица и имиња на 16 деца кои планирал да ги убие.

По трагедијата, српскиот министер за образование Бранко Ружиќ вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во писмото до премиерката Ана Брнабиќ, тој наведува дека оставката е личен, но и политички чин. Во развиените демократски општества, вели тој, тоа е сила, а во нашиот регион често е одлика на слабост. Но, додава, јавноста нека суди.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Зеленски: „Украина се бори за сопствената и европската иднина, како за време на Втората светска војна“

Следно

Во Друштвото на писатели на Македонија промоција на стихозбирката „Per Aspera Ad Astra“ од Оливера Доцевска

Latest from Blog

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување

Лидс Ј. сака да им понуди на Мурињо и Нуно Санто да го преземат кормилото

Раководството на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед почна да разгледува опции за можна промена на тренерот. На списокот на кандидати на клубот се Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, објави „ТимТок“. Според изворот,

Јапонија одобри дополнителни санкции против Русија

Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради војната во Украина. Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода
Go toTop