Рочиште за модуларната болница – роднините бараат одговорност, не обесштетување

April 8, 2025
1 min read

Семејствата на жртвите бараат што поскоро да се започне процес во кој ќе се утврдат причините и одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово, а не судот да се фокусира на обесштетувањето.

Ибин Емшиу, ги загуби својот таткото и брат во пожарот. Вели нивното спомнување во судница е непотребно и нехумано.

„Имав мои чувства и кога ги спомнаа татко ми и брат ми дека им дале парична помош, тоа јавно го објавив. Можеби можев да ескалирам во некоја реченица, но проблемот е што не им се заканував на луѓето таму. Ако судот ни дозволи, затоа што се бранат затоа што ни дале парична помош, на тој начин се бранат, јас ќе им дадам не 30 илјади евра, туку ќе им дадам 60 илјади евра“, вели Ибин Емшиу.

Емшиу вели дека не се задоволни бидејќи на рочиштето не се зборува за причините за пожарот туку за обсштетувањето.

„Не сме задоволни што во обвинителниот акт недостасуваат други лица и обвинителството не ги вклучи на списокот за изречена казна. Обвинителството денеска уште еднаш го докажува сопствениот срам бранејќи се на сред рочиште дека им пружиле парична помош на нашите семејства за болката од таа ноќ и со ова се бранат. Ова покажува што  бараат овде, но тука не е проблемот, туку прашањето е да се зборува за прашањето за пожарот, за материјалите што се користеле“, вели Ибин Емшиу.

Инаку со пресудата на Основниот суд Тетово, донесена на 5 ти јуни минатата година, за пожарот во модуларната болница во кој починаа 14 лица, на обвинетите Бесими и Етеми им беше изречена условна казна од 18 месеци и парична казна на правното лице за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, затоа што не поставиле противпожарни апарати, додека докторот Вучевски беше ослободен од обвинение.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костова: Вработените во културата понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

Следно

Вашингтон пост: Маск упатил директни апели до Трамп да ги укине новите царини

Latest from Blog

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека
Go toTop