Робињо уапсен во Бразил

March 22, 2024
1 min read

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување.

Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос.

Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан мора да отслужи затворска казна откако во Италија беше осуден на девет години за учество во сексуален напад во 2013 година додека настапуваше за клубот од Милано.

Врховниот суд во четвртокот го одби барањето за укинување на притворот.

Италијанската Влада инсистираше Робињо да ја отслужи казната во Бразил, бидејќи не успеа да издејствува негова екстрадиција.

Робињо зад себе остави успешна фудбалска кариера во која освои бројни трофеи. Одигра 100 натпревари за бразилската репрезентација од 2003 до 2017 година, постигна 28 голови и освои два трофеи во Купот на конфедерации, како и Копа Америка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИРОЉУБИВИ АКТИВИСТИ СО ЛЕТОЦИ ПОВИКАА НА СОЛИДАРНОСТ ВО СВЕТОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИЗЛОЖБА ВО ПРАГА

Следно

ОВА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАЈАГА: Се разведе по 33 години брак и се пресели да живее кај неа, еве како изгледа (ФОТО)

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop