Робин О’ Нил: Македонците сè уште можат да се нарекуваат Македонци!

May 18, 2024
1 min read

„Се гордеам со мојата Македонија ,што  на најдемократски и најмасовен начин избра прва дама, жена за претседател на државата.Тоа е проф.д-р Гордана Сиљановска Давкова и се надевам дека заедно со граѓаните на Македонија и  политичките партии во државата ќе ја водат Македонија што побрзо во долгочекуваното семејство, а тоа е Европската Унија“ изјави  ексклузивно за Магазин „Вечер со Слободан Томиќ” на Тв Вистел, првиот медијатор во грчко македонскиот спор за името, амбасадорот Робин О’ Нил.

Притоа неговата екселенција упати честитки за  успешно рализираните двојни избори претседателски и парламентарни. Британскиот дипломат нагласува:

„Мојата цел како дипломат во 1992 година беше да најдам начин Македонија да стане членка на Европската унија, а тоа значеше изнаоѓање ново формално име за Републиката. Верував дека е важно за Македонија, за балканскиот регион и за Европа, Македонија да се приклучи на Европската унија и тоа е мојот став и денес. Договорот од Преспа и усвојувањето на формалното име на државата како Република Северна Македонија го отвора патот за постигнување на таа цел.“,истакна О’ Нил. Тој појаснил: Мојата земја има комплицирано име, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и тоа име се користи за сите официјални цели. Но, тоа не ме обврзува да се нарекувам граѓанин на Обединетото Кралство. Јас сум Британец и се нарекувам Британец. На ист начин Македонците сè уште можат да се нарекуваат Македонци, а како што јас разбирам тоа е дозволено во договорот од Преспа. Се надевам дека на оваа основа ќе продолжат преговорите за Македонија да влезе во Европската унија и дека Македонија ќе најде целосна поддршка во тоа од Европската комисија и од земјите членки на Унијата, изјавил првиот медијатор во грчко македонскиот спор за името амбасадор Робин О’ Нил.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фоден – Играч на сезоната во Премиер лигата

Следно

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап во Бундеслигата за клубот

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.
Go toTop