Роби Вилијамс има и Туретов синдром

October 2, 2025
1 min read

Во многу лично интервју за емисијата „Јас имам АДХД! Не, немаш“ (I am ADHD! No, you’re not), пејачот признава дека турнеите сè уште го ужаснуваат, и покрај бројните распродадени стадионски настапи, прво како член на момчешкиот бенд „Тејк дет“, а подоцна и како солоуметник.

– Тукушто сфатив дека имам Туретов синдром, но тој не се манифестира однадвор. Ќе помислите оти стадион полн луѓе кои те опсипуваат со љубов – би изгледало како одвлекување на вниманието, но не е така. Што и да е во мене, тоа не може да се разбере, вели Роби.

Туретов синдром е невролошко нарушување коешто се одликува со повторливи, ненамерни движења со телото и/или звуци, наречени тикови.

Инаку, 51-годишниот поп-пејач кој претходно има дијагнози на невро-развојно нарушување на невнимание и хиперактивност – АДХД, и посттрауматски стрес – ПТСД, во периоди се борел и со зависност од алкохол и дрога, а неодамна се тестирал и за аутизам. Тестот бил негативен, но открил дека Роби има „аутистични особини“, вклучувајќи вознемиреност при „напуштање на безбедноста на својот кревет“, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Роби додаде и дека неговите тикови се „наметливи“ и претежно внатрешни, но неговите мисли се толку интензивни што не може да ги контролира јавно, особено на концерти.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Триесет и пет години по обединувањето илјадници Германци се уште добиваат пристап до досиејата на Штази

Следно

Македонска алијанса за европска интеграција ќе тужи бугарски портали за клевета

Latest from Blog

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На првата трговска сесија во новата 2026 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,06%, затворајќи на ниво од

Германија ја заострува миграциската политика: Ограничување за лицата кои доаѓаат во земјата за социјални бенефиции

Член на германската коалициска влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески. На средбата стана збор за тоа како поминаа првите два дена
Go toTop