РК Алкалоид победи во Атина со 4 гола разлика и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

May 18, 2025
1 min read

Македонскиот ракометен тим Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска победа на гостувањето кај АЕК Атина со 25-29 во рамки на првиот дуел во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, па така во Скопје на реваншот ќе игра за трофеј во треторангираното натпреварување во европскиот ракомет.

Мечот во Атина започна ефикасно со тоа што АЕК тргна подобро и отвори со 2-0, меѓутоа Алкалоид брзо се врати и влезе во мечот откако поведе со 5-6. Оттогаш двете екипи играа израмнето и напреварот беше во егал. Течеше 20-тата минута на напреварот кога на семафорот во „Сунел Арена“ стоеше 10-10, потоа беше и 11-11, а во 24. минута АЕК врза два гола преку Туре и Матиќ, за прва предност од два гола (14-12).

Тоа беше знак за тајм-аут на Лазаров, кој донесе резултат затоа што Алкалоид направи серија од четири гола, за 14-16 на паузата, низ која погодија Франциско, Велковски, Маркоски и Митев.

На стартот на второто полувреме, Алкалоид успеа да се одлепи и на плус три, меѓуоа АЕК воден од публиката која на трибините броеше 9.000 гледачи, успеа да дојде на негатива од еден гол по мала криза во нападот на Алкалоид (17-18).

Потоа, беше и 17-20, па следеше прекин откако Дамјан Митев на клупата беше удрен со шише во глава. Потоа и Галевски одбрани пенал, па со реакција дополнително ја „запали“ публиката која фрлаше со предмети. По нов прекин, следеше предупредување од спикерот, за можно празнење на салата, па ситуацијата се смири и дуелот продолжи.

Во 45. минута, резултатот гласеше 18-21 за Алкалоид, a потоа иако домашните дојдоа на еден негатива, Алкалоид пак замина на три гола (20-23).

Во 52. минута резултатот беше 22-23, на пет минути пред крај стоеше 24-27. Во завршните минути скопскиот тим беше со човек помалку, ама даде многу важен гол со атракција и цепелин на Серафимов и Силва за 25-28, позитива која се покажа како доволна за џиновска победа во Атина пред реваншот во Скопје кој се игра следниот викенд.

Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не се доволно ценети ликовните уметници во Македонија – само од продажба на слики не може да се преживее

Следно

Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop