Ристовски за МКД.мк: Секое дете мора да има пристап до спорт и здрави навики

August 17, 2025
1 min read

Македонија ја зацврстува својата позиција на спортските светски мапи, а за подобри резултати на спортистите министерот за спорт Борко Ристовски вели дека претстои период на дијалог со спортските лидери и јавност за стратешки развој на спортистите за колективните и индивидуалните спортови. Тој зборува за визијата, за модерна спортска инфраструктура, програмите за младите и жените во спортот, транспарентното финансирање и соработката со клубовите и федерациите.

Со јасни цели до крајот на годината, како што е завршување на големите проекти, отворање на нови спортски сали и воведување дигитален регистар на спортски објекти, министерот Ристовски порачува дека спортот во Македонија е на пат кон стабилен и одржлив развој.

Веќе на почетокот на септември Скопје повторно ќе биде домаќин на голем спортски настан, првиот регионален спортски самит. Ова е втор голем спортски настан годинава во Македонија со кој државата го потврдува своето место на меѓународнста спортска мапа. Каква е вашата визија за спортската иднина на Македонија?

 

Секоја можност да се промовира државата на спортската меѓународна сцена треба да се искористи за унапредување на спортот дома. Тие настани се можност за дијалог, формирање на стратегии и визии кои ќе го обликуваат спортот не само дома, туку и во регионот. Како Министерство ги поддржуваме иницијативите кои се поврзани со развојот на спортската индустрија и модернизацијата на инфраструктурата. Сметам дека сме во фаза кога треба да бидеме отворени и да ги чуеме чинителите од областа: федерации, клубови, локални власти, млади таленти, спортски педагози и академици за да ги идентификуваме најдобрите практики, да промовираме иновации во инфраструктурата, масовниот и училишниот спорт, женскиот и параспортот, како и да работиме на кревање на нивото на едукација кај спортските работници.

Нашата улога како Министерство е да обезбедиме рамка и платформа за размена на идеи и формулирање на стратегии што ќе ја донесат спортската политика во следната фаза. Сметам дека треба да обезбедиме дијалог за спортската заедница да е активно вклучена во креирањето на политики, а не само примател на решенија. Како спортист природно чуствувам дека спортот е иднината, и затоа си поставив цел таа иднината да ја градиме заедно, сега.

Ние мораме да креираме амбиент во кој ќе им помогнеме на младите да го најдат своето место, онаму каде нема услови или интерес за екипни спортови да се креираат услови за индивидуални спортови.

Искуствата во спортскиот свет покажуваат дека кога сакате да креирате спортска историја, треба да користите модели кои се веќе успешни и докажани во светот. Очекуваме дека таа платформа за дијалог да овозможи да се изберат најдобрите можности и практики за развој на екипните и на индивидуалните спортови.

Целото интервју може да го прочитате на MKD.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кичево пред промена: ВЛЕН го претстави Лимани како силен адут за градоначалник

Следно

Тропската бура Ерин се засили во ураган од петта категорија во Карипското Море

Latest from Blog

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот
Go toTop