Кичево пред промена: ВЛЕН го претстави Лимани како силен адут за градоначалник

August 17, 2025
1 min read

Настанот го предводеше првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој упати силна порака дека „времето за вистинска промена во Кичево конечно дојде“. Пред голем број симпатизери и поддржувачи, Меџити нагласи дека ВЛЕН настапува со јасна програма и решителност да ја врати довербата на граѓаните во локалната власт. Тој истакна дека Лимани е човек со интегритет и визија, кој има капацитет да ја предводи општината кон развој и современо управување.

Кичево денес беше центар на политичките случувања, откако коалицијата ВЛЕН официјално го отвори својот изборен штаб и ја претстави кандидатурата на Фатмир Лимани за градоначалник.

Граѓаните на Кичево ја заслужуваат промената што долго ја очекуваат. ВЛЕН ќе донесе отчетност, професионализам и конкретни резултати. Ова не е празна реторика, ова е план кој ќе се реализира“, порача Меџити, уверувајќи дека Лимани ќе биде градоначалник кој ќе работи во интерес на секој жител.

Со отворањето на штабот, коалицијата најави почеток на активна изборна кампања, која ќе се базира на директна комуникација со граѓаните, презентација на проекти и транспарентно претставување на програмата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Дваесет години власт на Османи – ниту еден проект за Чаир

Следно

Ристовски за МКД.мк: Секое дете мора да има пристап до спорт и здрави навики

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop