Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

February 24, 2025
1 min read

Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.

– Ова теза сум подготвен да ја бранам пред секој. Сите ракометни репрезентации имаат учествувано или се пласирани на големи натпреварувања. Според тоа, логично е најголем број средства од субвенциите да одат во ракометот. Кога се зборува за форми на финансирање за развој во ракометот, подготвуваме стратегија која ќе ја направиме во соработка со федерацијата. Тоа е неопходно, изјави Ристовски.

Го посочи примерот од одбојката каде со два клуба веќе се договорени финансирање на тимови создадени од селектирани млади натпреварувачи кои преку учество во младински и сениорски лиги ќе стекнуваат искуство и ќе се развиваат.

– Ние секогаш се бориме за повеќе средства да влегуваат во спортот. Но против сме да се трошат државните пари без резултати. Мора да работиме плански.

Министерот се осврна и на спортската инфраструктура во Македонија.

– Во тек е обнова и реновирање на повеќе сали низ целата држава. Исто така во скоро време ќе почнат да се градат три нови спортски сали две во Скопје и една во Струмица. Планираме големи инвестиции во инфраструктура, бидејќи јасно ми е дека без услови нема резултати. Сакаме да направиме и оддел во нашето министерство за ние да стопанисуваме со салите, додаде Ристовски.

Министерот презема обврска да разговара со надлежните од СЦ „Борис Трајковски“ во насока намалување на цената што клубовите треба да ја платат за користење при одигрување натпревари.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го усвои 16. пакет санкции кон Русија на третата годишнина од војната во Украина

Следно

Поевтинуваат бензините и дизелот

Latest from Blog

Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

Претседателката на Македонското геолошко друштво, Соња Лепиткова, смета дека Македонија треба да ја искористи можноста што ја има со своите минерални ресурси, но тоа да го прави внимателно, одговорно и под строг

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Словенија го бележи најдолгиот топлотен бран во својата историја, откако деветти ден по ред температурите надминуваат 35 Целзиусови степени. Според словенечката Агенција за животна средина, денешниот ден е последен од рекордниот топлотен

Дебата на СДА Македонија: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика

СДА Македонија ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите
Go toTop