Ристески: Мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“ дава резултати

January 30, 2025
1 min read

Заедно со претставници на @UNDP MK денес посетивме неколку бизниси во Радовиш и Гевгелија, кои се помогнати со мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“.
За време на посетата во Радовиш, ги посетивме козметичкото студио ТАНС во Радовиш, како и продавницата за телефонска галантерија „Моби шоп Серџо“, објави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески на фејсбук.

-Во Гевгелија најпрво го посетивме Центарот за рециклирање – Компанијата Прогрес Груп Компани која е корисник на „зелената мерка“ со поддршка за зелена инвестиција и отворање нови работни места, како и пчеларската фарма „Алчинов“ кој го основа својот бизнис преку програмата „Самовработување“- потенцира Ристески.

Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување и останатите партнери, преку оперативните програми ќе продолжиме со поддршката за отворање на нови бизниси и работни места, нотира во објавата Ристески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре и во сабота топло, во недела дожд

Следно

Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop