Рибокрадците неустрашливи и покрај зачестените полициски контроли

March 2, 2025
1 min read

Рибокрадците неустрашливи и покрај зачестените полициски контроли. Само во јануари полицијата регистрирала 15 лица кои вршеле незаконит риболов во Охридското Езеро. Запленети се повеќе од 100 мрежи и околу 240 парчиња најразлична риба.

Министерот Трипуновски вели дека овој проблем ќе се реши откако езерото ќе се даде под концесија. Според планот со рибниот фонд ќе управуваат седум различни концесионери во период од 12 години.

Но, екологистите и граѓанските активисти сметаат дека издавањето под концесија само ќе ја влоши состојбата.Реагираат и од опозициската Левица.

„Фактот што две од шесте концесионерски компании се основани во текот на самиот огласен рок претставува класичен пример на непотизам, незаконско фаворизирање и злоупотреба на јавните добра за остварување на лични и партиски профити. Дополнително, доделувањето концесии е направено без сериозна научна основа, без темелна проценка на состојбата на рибниот фонд и без одобрување од релевантните институции и експерти. Оваа непромислена и штетна политика директно го загрозува опстанокот на автохтоните видови, особено охридската пастрмка и белвицата – видови кои се наоѓаат во критична состојба поради долгогодишната небрежност на властите.” – велат од Левица.

Инаку езерото повеќе од пет години е без концесионер, откако на претходниот му беше одземена дозволата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова револуција во фудбалот: Кога ќе може да се покаже зелен картон?

Следно

Законските измени ќе стават крај на злоупотебите и хаосот со онлајн игрите на среќа

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop