РФМ: Нема веќе билети за натпреварите на македонската репрезентација на ЕП

December 22, 2023
1 min read

Ракометната федерација на Македонија денеска со соопштение потврди дека нема повеќе билети во продажба за натпреварите на Македонија на претстојното ЕП во Германија.

Ве известуваме дека до Ракометната Федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања за билети за претстојното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција, кое ќе се одржува во Германија во период од 10ти до 28ми јануари 2024 година.

Ракометната Федерација на Македонија, односно машката сениорска репрезентација е учесник на претстојниот спортски настап, согласно регулативата на Европската ракометна федерација правата за продажба на билети за европски спортски настани се кај домаќинот на првенството, во овој случај тоа е ракометната федерација на Германија и нивниот организационен комитет.

Европската ракометна федерација преку своите медиумски соопштенија уште во месец мај 2023 година, објави дека има огромен интерес за билети за претстојното првенство и дека половина од билетите за натпреварите во продажба се веќе распродадени, особен интерес и побарувачка за билети имаше во групата А каде настапува и македонската сениорска репрезентација, бидејќи во група А се наоѓа и домаќинот Германија.

Од страна на организаторот преку online мрежата за продажба, во месец септември 2023 година беа пуштени во продажба и последните слободни 10.000 билети, кои во екстремен брз временски рок беа распродадени

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на жители на Газа кои се соочуваат со катастрофален глад четири пати поголем отколку во остатокот од светот

Следно

Чешката полиција потврди дека напаѓачот се самоубил на покривот на универзитетот

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop