Ревизорски извештај за хематологија: Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција

May 22, 2025
1 min read

Недостаток на евиденција за примени, потрошени и донирани лекови за ретки болести како и несоодветна примена на законот за јавни набавки како и нехронолошка исплата на преземените обврски се дел од недостатоците констатирани во извештаите на ревизорите за клиниката за хематологија за 2023 година. 

Според извештајот, во текот на 2023 година на Клиниката се примени лекови во износ од 231.249 илјади денари, за кои не се воспоставени евиденции со кои ќе се обезбеди согледување за состојбата и движењето на истите.

– Извршен е прием на лекови во износ од 188.265 илјади денари кои во име и за сметка на Клиниката ги набавиле Министерството и Агенцијата за лекови и медицински средства. За приемот и издавањето на овие лекови не е воспоставена финансиска евиденција, односно се води само материјална евиденција без вредносни показатели. Извршен е прием на лекови и потрошни материјали од донации во износ од 42.984 илјади денари, за кои се води само помошна/рачна евиденција

За реализацијата на постапките за јавни набавки од ДЗР велат дека извршена е ревизија на 8 постапки за јавни набавки со кои се опфатени 95 отсто од преземените обврски а констатирани се неколку недоследности.

– Во текот на 2022 и 2023 година спроведени се две постапки за јавни набавки на услуги за занаетчиски работи на Клиниката и склучени се договори во износ од 21.240 илјади денари. Со увид во документацијата на постапките, ревизијата констатира дека предметот на јавната набавка не е прецизно дефиниран, односно не e направена предмер пресметка и не се специфицирани конкретни работи/позиции, како и обем/количини на работите кои ќе се изведуваат.

Од ДЗР велат дека со ревизијата е опфатен и процесот на спроведување на препораките дадени  во конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2017 година. Во овој дел утвредно е дека од од дадените пет препораки, три се спроведени, една е делумно додека една препорака не е спроведена воопшто.

Во новиот извештај пак, од ревизија повторно даваат препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји

Следно

Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop