Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам

May 31, 2023
2 mins read

Четириесетгодишниот ретроспективен опус на Владимир Темков ќе биде претставен во „Чифте-амам“. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва, во 20 часот.

Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми…

Со текот на годините тој ги фиксира своите визуелни потраги. Создава сопствена тематска матрица со заеднички обележја и компонирање на елементите во линеарни и хроматски решенија, со кои достигнува занимливо рамниште на експресивност. Иако работи на повеќе тематски и концепциски циклуси, евидентно е проткајувањето на веќе утврден ликовен модус во сите циклуси и негово постојано испреплетување. Со идејата дека бојата ја претставува апотеозата на светлината, нашиот сликар ја гради од слика во слика, од циклус во циклус, својата сликарска поетика, во која примарна материја е бојата, како и енергијата што таа ја пренесува. Идејата што е стандардизирана содржи елементи на лирска оформеност, како и тактилност во постапката. Определеноста на Владимир Темков не произлегува од ликовно-стилски трендовски причини туку, пред сѐ, од нужноста на професионален однос кон работата, со креативни барања што му овозможиле да го заокружи сликарскиот циклус на просторни метафори како своевидни варијации на една тема – велат од Националната галерија на Македонија.

Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, со слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки.

Тоа, пак, води кон една динамична композиција на бојата во допир со природата, каде што сѐ е во движење и менување. Инспирацијата ја црпи од природата и природните богатства, како и од духовните извори на човековото општество, од различни области како што се литературата, историјата, традицијата, музиката, драмата, науката, односно од самиот живот. Неговите дела прикажуваат низа феномени од природата, но го покажуваат и неговиот широк културен хоризонт, каде што на лирично-експресивен начин се претставени видливите, но и духовните предели од родната Тиквешија. Во неговите дела доминира чувството на слобода – слобода на боите и формите, испреплетување на земјата и небото, материјата и духот, облиците на реалноста, но и на сонот, при што уметникот проникнува во повеќеслојноста на видливото – стои во најавата.

Роден е во Кавадарци во 1959 год., потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во ОУ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а на Факултетот за ликовни уметности отсек графика дипломира во класата на Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, во класата на проф. Благоја Маневски. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛАДИМИР ТЕМКОВ СЛАВИ 40 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО СО ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ

Следно

Повлечени се преку 300 студии за ковид

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop