Ретка снежна бура предизвика над 10 смртни случаи на американскиот Заливски брег

January 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 11 лица загинаа додека регионот на американскиот Заливски брег, кој се протега од Тексас до Флорида, закрепнува од историската снежна бура што ги затвори аеродромите, ги блокираше патиштата и собори рекорди за снежни врнежи во повеќе сојузни држави, според локалните извештаи, јавува Анадолу.

Во Остин, Тексас, две лица починаа од студ, потврдија официјални лица во вторникот вечер.

Во Алабама, 27-годишна жена загина во сообраќајна несреќа на пат со снег во Озарк, а 37-годишен маж во Пинкард почина во пожар во куќа предизвикан од користење шпорет за загревање, соопшти окружниот судски лекар.

Во многу региони на Заливскиот брег се забележани најголеми снежни врнежи во последните 130 години.

На Флорида се забележани најголеми снежни врнежи во историјата, со 24,8 сантиметри снег во Милтон, североисточно од градот Пенсакола во кој има рекордни 22,6 сантиметри снег.

Во Тексас, каде што првпат имаше предупредување за снежна бура, во Бомонт паднаа 13,2 сантиметри снег. Во Мобил, Алабама, снежните врнежи достигнаа рекордни 19 сантиметри.

Во средата, во градови на Флорида, како Џексонвил, имаше снег, мраз и лапавица, при што утринските температури беа пониски од оние во Анкориџ, Алјаска, кој се наоѓа на границата на Арктичкиот Круг.

Аеродромот во Џексонвил беше затворен во вторникот вечерта, а училиштата и владините канцеларии не работеа вчера.

Во вторникот беа откажани над 2.000 лета, а вчера повеќе од 1.800. Исто така, вчера беа откажани сите летови од аеродромот „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс.

Според Националната метеоролошка служба, во Њу Орлеанс немало снег од декември 2004 година.

„Роден сум и живеам во Њу Орлеанс“, изјави Ијан Спунер за Си-би-си њуз. „Можам да избројам на една рака колку пати сме виделе снег, но никогаш ваков.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Венко и Пеце Мирчевски во заштита на приватни бизниси, се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма за обезбедување која заработувала пола милион евра екстра годишно

Следно

Хамилтон ги сподели своите емоции од првата трка со болидот на Ферари

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop