Реставриран и позлатен стариот архиерејски трон во манастирот Пречиста Кичевска

January 7, 2024
1 min read

реклама


Во пресрет на празникот на светлото Рождество Христово, во манасатирот „Света Богородица –Пречиста“ кај Кичево, повторно е поставен древниот архиерејски трон, сега комплетно реставриран и позлатен, совршено вклопувајќи се во величествениот и молитвен амбиент на Пречистанскиот соборен храм.

-Во рамки на својата грижа за благолепието на домот Божји, сестринството на Пречистанскиот манастир, предводено од старешинката монахиња Харитина, со благослов на нашиот надлежен владика, Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј и по иницијатива и заложба на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, се погрижи стариот владички престол од дрворез да биде целосно возобновен и истовремено позлатен, со цел достоинствено да ја одразува царската слава на Царот Христос, информираа од Бигорски манастир. 

реклама

За таа цел, сестрите ја ангажирале реномираната фирма за копаничарство, реставрација и позлатување „Артис“ од Солун, позната по својата дејност низ целиот православен свет. Умешните работници успешно ги санирале оштетените делови, ги инјектирале бројните шуплини од црвоточината, го заштитиле дрвото од понатамошно расипување и целосно го позлатиле.

-Заедно со престолот во дрворез, беше реставрирана и престолната икона на Господ Исус Христос Великиот Архиереј, духовно и уметничко ремек-дело на нашиот најпознат иконописец од 19. век, Дичо Зограф од с. Тресонче. Иконата, подарена на манастирот на 23 мај 1865 година од познатиот протопсалт, автор и собирач на византиска псалтикијна литература, Јоан Хармосин Охридски, беше мошне умешно очистена и поправена и заштитена од мајсторите и уметниците на истата фирма, посочуваат од Бигорскиот манастир. 

реклама

Трошоците потребни за поправката и украсувањето на архиерејскиот трон дарежливо ги покри благочестивиот Горан Трипуноски од Кичево со своето благочестиво семејство, за што им сме премногу благодарни! Нека си спомне Бог за доброто дело, посакуваат од манастирот.

Манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“, кој е женски манастир, е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Изграден е во период од 1316 до 1320 година.

реклама

Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година. Патрон на манастирот е  празникот Рождество на мајката божја или кај народот попозната како Мала Богородица.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски со честитка: Празничните божиќни мигови нека ги исполнат домовите на верниците со божјата светост и радост за веста за раѓањето на Спасителот

Следно

Богоевски: Владата се меша во спортот

Latest from Blog

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување

За еден месец, 37 Центри за социјална работа ќе добијат обезбедување од лиценцирана компанија. Јавната набавка, која неодамна ја објави Министерството за социјална политика, завршува оваа недела и се бараат вкупно 60

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за м/квадратен на локацијата Белград на вода. Највисока

Малоазиската верверичка се обидува да преживее во тревните подрачја на централна Турција

СКОПЈЕ (АА) – Малоазиските верверички (Spermophilus xanthoprymnus), или локално познати како „Anadolu gelengisi“ или анадолски стоболки, активно бараат храна низ пространите ливади на Караман, централна Турција, јавува Анадолу. Верверичките бараат плен и

Лос Анџелес и Клуб Америка за последното место на Светското клупско првенство

Американски Лос Анџелес и мексикански Клуб Америка ќе играат плејоф натпревар на 31 мај на стадионот БМО во Лос Анџелес за последното слободно место на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно – во западните делови ќе има повремен локален дожд

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С) 5 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 14 Прилеп, Берово, 15 Битола, 16 Тетово, Охрид, Претор, 17 Крива Паланка, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Штип,
Go toTop