Репортери без граници до крајот на неделава доставуваат извештај за Србија до ЕК

April 15, 2024
1 min read

Репортери без граници (РСФ), меѓународна невладина организација фокусирана на заштитата на новинарите и правата и слободите на медиумите, до крајот на неделата ќе поднесе извештај за Србија до Европската комисија (ЕК), изјави за Гласот на Америка, Павол Салај – нејзин претставник задолжен за Европската Унија и за државата.

Слободата на медиумите и изразувањето е една од областите што се оценуваат при евалуација на применетите реформи на земјата кандидат на патот кон членство во Европската Унија.

Во извештајот на ЕК за претходната 2023 година, беше заклучено дека Србија постигнала ограничен напредок – со изразена загриженост поради заканите, заплашувањата, говорот на омраза и насилството врз новинарите.

Салај не даде детали од извештајот на РСФ за Европската комисија во врска со Србија. Но, тие несомнено ќе бидат познати кога таа организација, по повод Денот на слободата на медиумите 3 мај, ќе го објави Индексот на слободата на медиумите во светот – што континуирано го прави од 2002 година, јавија медиумите во Белград.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Какви се беспилотните летала „камикази“ со кои Иран го нападна Израел?

Следно

Велика Британија го повика Израел да не ја ескалира ситуацијата по нападот на Иран

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop