Релативно мирна ноќ во Франција, Макрон им наложи на министрите да ги вратат редот и безбедноста во градовите

July 3, 2023
1 min read

Синоќа беше помирно од претходните ноќи, а полицијата приведе 78 демонстранти, речиси 10 пати помалку отколку ноќта од саботата кон неделата

Францускиот претседател Емануел Макрон им наложи на министрите на синоќешната вонредна владина седница „да продолжат да прават се за да се воспостави редот и да се гарантира враќање на безбедноста и мирот во француските градови“, каде што немирите предизвикани од полициското убиство на малолетникот Наел М. траат веќе шест дена.

Претседателот на Франција посочи дека „владата мора да продолжи да биде со полицијата, жандармите, судиите, службениците и пожарникарите дење и ноќе“, пренесува Танјуг.

„Ние мора прво да одвоиме време за да ги квалификуваме настаните пред да донесеме заклучоци“,

им рекол шефот на државата на највисоките француски претставници.

На барање на Макрон, премиерката Елизабет Борн денеска ќе ги прими претседателите на претставничките групи во Националното собрание, пренесува БФМТВ.

Синоќа беше помирно од претходните ноќи, а полицијата приведе 78 демонстранти, речиси 10 пати помалку отколку ноќта од саботата кон неделата.

Во Париз беа уапсени 20-тина демонстранти, но на местата каде што претходните денови жестоко се судрија демонстрантите и полицијата, синоќа беше релативно мирно.

Само во ноќта од саботата кон неделата се уапсени 719 лица, повредени се 45 полицајци и жандарми, опожарени се 577 возила и 74 објекти, а на јавните патишта евидентирани се 871 пожар, соопшти француското МВР.

По приемот на премиерката Елизабет Борн и седум министри во неделата навечер, претседателот Емануел Макрон денеска ќе се сретне со претседателот на Сенатот Жерар Ларше, а потоа и со Јаела Браун-Пиве, претседател на Националното собрание.

Во вторник Макрон ќе прими 220 градоначалници и претседатели на општини во Елисејската палата, каде во изминатите неколку дена демонстрантите жестоко се судрија со полицијата и запалија автомобили и куќи, соопшти претседателската администрација.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: Во Лион полицијата со солзавец растера екстремно десничарска група

Следно

Макрон повика на враќање на редот откако Франција ја зафатија немири по убиството на тинејџер

Latest from Blog

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop